Македонија
26. October 2023 - 12:41

Повторно одложено судењето на Пендиков

Одложено денешното судско рочиште од процесот што пред Основниот суд во Охрид се води во врска со нападот врз Христијан Пендиков.

Судењето се презакажа за 1 декември поради барање на одбраната на второобвинетиот бидејќи се уште во целост ги немаат разгледано доказите кои што се ставаат на товар од страна на обвинителството и против второобвинетиот.

Во судницата беа присутни и оштетениот Пендиков, првообвинетиот во предметот Илија Спасески и второбвинетито битолчанецот Борче Ангелов, против кого е поднесено обвинение за нанесување тешка телесна повреда со соизвршителство.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Охрид од надлежниот суд побара на 23-годишниот битолчанец, кој е второосомничен за нападот на Христијан Пендиков, привремено да му биде одземен пасошот и да му се забрани употреба на личната карта за преминување на државната граница.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19-ти јануари во угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид.