Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
Поради отсуство на Борче Ангелов еден обвинетите и двајца сведоци се одложи судскиот процес во основниот суд во Охрид. Застапникот на оштетениот адвокатот Камишевски истакна дека се работи за купување на време и дека намерно се одолговлекува процесот, но не сакаше да коментира за висината на оштетното побарување поткрепено со наод од невропсихијатар од страна на Пендиков кој денеска не се појави во судница.
Адвокатот на обвинетите пак Цобоски истакна дека нема потреба од купување на време и најави сомнеж во доставеното невропсихијатриско вештачење за физичка болка.
Пресудата за овој судски процес најверојатно ќе почека бидејќи сеуште се прикажуваат докази а следното рочиште е закажано за 16 април. Судијата Бојан Мартиноски побара обвинетиот Ангелов да биде донесен со полициска придружба.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
