Повторно гореше депонијата Буково, за регионална депонија ќе се почека
Охрид и околните села лоцирани во близина на депонијата Буково сеуште ќе имаат проблем со чадот и непријатната миризба.Изградбата на регионалната депонија најверојатно ќе потрае, од Новаци каде е предвидено да биде лоцирана бараат да се изгради обиколница околу општината за пристап на камионите кои би се движеле до самата депонија.
Од Министерството за животна средина велат дека неопходно е да се обезбедат дополнителни средства за соодветна инфраструктира и да започнат со затворање на дивите депонии.
Депонијата Буково секое лето се пали, охридскиот градоначалник Пецаков потенцира дека постојано се покрива со земја за да се спречи чадењето но единствено решение за овој проблем гледа во изградбата на регионалната депонија.
Градоначалникот на Дебарца Ногачески се надева дека постапката ќе се забрза бидејќи отпадот кој се пали ја загадува целата околина.
Инаку една од препораките на Унеско за охридскиот регион да не се најде на листата загрозени подрачја е изградбата на регионалната депонија .
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
