Потпишан меморандум меѓу Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР за безбедност во сообраќајот

Фондацијата „Фросина Кулакова“ започнува официјална соработка со Министерството за внатрешни работи преку потпишување Меморандум за соработка, насочен кон унапредување на безбедноста во сообраќајот и спречување трагедии.
Од Фондацијата информираат дека ова партнерство претставува продолжение на нивната мисија за подигнување на јавната свест, развој на општествено одговорни кампањи и обезбедување психосоцијална и правна поддршка за семејствата погодени од сообраќајни несреќи.
Меморандумот има за цел воспоставување систем кој нема само да реагира по случени несреќи, туку активно ќе работи на нивна превенција, преку навремено препознавање на ризиците и заштита на човечкиот живот како врвен приоритет.
-Соработката со Министерството ќе овозможи реализација на заеднички активности и јавни кампањи насочени кон подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот, поттикнување одговорно однесување, јакнење на превентивните механизми и обезбедување поддршка за жртвите и нивните семејства - наведуваат од Фондацијата.
Оттаму нагласуваат дека безбедноста во сообраќајот не е само прашање на санкции, туку и на свест и заедничка одговорност, и дека преку координирано делување може да се спречат нови трагедии.
-Последните сообраќајни несреќи уште еднаш потврдуваат дека безбедноста во сообраќајот не е само прашање на санкции, туку и на свест, култура и заедничка одговорност. Само преку координирано делување може да се спречат трагедии и да се заштитат човечки животи - дополнуваат оттаму.
Фондацијата е основана во чест на Фросина Кулакова, чиј живот трагично заврши на 22-годишна возраст во сообраќајна несреќа на пешачки премин.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ дека Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално
-

Во младите е клучот за развој на турзимот
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
