Loading Video...
Свет
20. May 2026 - 19:48

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример

Владимир Путин и Си Џинпинг на средбата во Пекинг ги потенцираа добрите односи на Русија и Кина и потпишаа повеке од 20 договори за трговија и технолигија.Разговарале и за проектото за изгрдба на  нов   гасовод   Мокта на Сибир 2 , кој се планира да  испорачува природен гас од полињата во Сибир до Кина, помивувајки низ Монголија но детали не открија. Кина е водечки трговски партнер на Русија, а воедно и нејзин најголем клиент за нафта и гас . Претседателите потпишаа  и декларација  насочена кон промовирање  на  мултиполарен светски поредок. Во Декларацијата  се критикува мериканската војна со Иран, ликвидацијата на Ајатолахот Али Хаменеи, како и американската интервенција во Венецуела.

Руско - Кинеско партнерство е за пример додаде рускиот претседател и го покани Си Џинпинг да ја посети Русија следнаат година.  

Сеопфатното партнерство и  стратешката интеракција меѓу Русија и Кина во новата ера е модел за меѓувладини односи во современиот свет. Се заснова на принципите на еднаквост и разгледување на интересите на другите, (заемна поддршка, пријателство и вистинско добрососедство. Нашата цел е благосостојбата и просперитетот на рускиот и кинескиот народ. Овие непоколебливи темели им овозможија на нашите односи успешно да издржат повторени тестови на сила и отпорност.“

Си Џинпинг го пречека Владимир  Путин  со воени почести и црвен тепих некокку дена по посетата на доналд Трамп на Кина.