Потпишан договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив

Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив потпишаа договор за соработка со кој се отвораат можности за реализација на заеднички проекти, размена на искуства и унапредување на архивската дејност.
Договорот во Загреб го потпишаа директорот на Државниот архив на Македонија, Димитар Богески, и директорот на Хрватскиот државен архив, Динко Чутура, во присуство на македонскиот амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски.
Како што соопшти Државниот архив, договорот предвидува соработка во организирање заеднички изложби, стручни работилници и предавања, како и размена на кадри и професионални искуства меѓу двете институции.
Посебен акцент е ставен на дигитализацијата на архивскиот материјал, неговата заштита, обработка, конзервација и реставрација.
Од Архивот посочуваат дека размената на искуства во делот на дигитализацијата е особено значајна за модернизација на архивската дејност и за подобрување на достапноста на историското и културното наследство за јавноста.
Воедно, од Државниот архив изразија благодарност до амбасадорот Ѓурчевски за поддршката и ангажманот во реализацијата на иницијативата.
Потпишувањето на договорот се оценува како дополнително зацврстување на соработката меѓу архивските институции на Македонија и Хрватска и како можност за развој на нови заеднички проекти во областа на архивистиката и културното наследство.
МИА
Ново на Сител
-

Состојба со пожарите
-

Панел дискусија: 8 Септември низ призма на неговите непосредни учесници и сведоци на Вила Водно
-

Музички спектакл за Денот на независноста: Дејвид Гета доаѓа во Скопје
-

Болеста меѓу овците се шири вакцините се уште ги нема
-

СДСМ бара проширување на истрагата за возачот на Јанушев
-

Што значи победата на АФД на покраинските избори во Германија
-

Ново рочиште за „Лотарија“ – Груби на обвинителната клупа
-

Скопје подготвено за Дејвид Гета
