Македонија
15. July 2023 - 19:47

Поставени знаците кои забрануваат костими за капење во Струга

Поставените знаци за забрана на носење бикини и шорцеви за капење во струшката чаршија  донесени без одлука на советот на општина Струга.Советниците од редовите на ВМРО ДПМНЕ посочуваат дека никој нема право да поставува знаци во градот ако тоа не е наведено во една од програмите или со посебна одлука на советот со силно и аргументирано образложение за причините .

Граѓаните  со поделени мислења дел сметаат дека е добрo  по шеталиштето да се почитува јавниот  ред  дел пак велат дека не смее да има забрана во туристички центар како што е Струга.

Ваквата одлука на  официјалната страна на општина Струга на Фејсбук, е објавена  со фотографии на кои има знаци , во која се   известуваат туристистите да не ја изнесуваат својата голотија на јавни места, за да се зачува позитивната слика за Струга.

Инаку Против струшкиот градоначалник активни се 16 кривични пријави, а 14 други, веќе се застарени.Мерко иако од 20 јуни е на црната листа на  Америка поради сомневања за значителна корупција и мешање во судството, ниту една надлежна институција се уште не излезе со конкретни чекори против него, ниту пак тој се повлече од функцијата.