Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
Скопјани ќе плаќаат поскапо централно греење уште пред стартот на новата грејна сезона. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за корекција на цените на топлинската енергија, а новите тарифи ќе почнат да се применуваат од 1 август.
Најголемо зголемување ќе имаат домаќинствата кои се снабдуваат преку „ЕСМ Снабдување“, каде цената на топлинската енергија расте за 5,96 проценти.
Поскапување ќе има и кај останатите снабдувачи, но со пониски стапки. Корисниците на „ЕСМ Енергетика“, односно таканареченото железарско парно, ќе добијат зголемување од 5,18 проценти, додека кај „Скопје Север“ (ЕнергоЕколог) цената ќе биде повисока за 3,65 проценти.
Според пресметките на РКЕ, за просечен стан од 60 квадратни метри месечната сметка за греење ќе се зголеми за околу 140 денари.
Од регулаторното тело посочуваат дека и покрај новите цени, трошоците за централно греење во Македонија остануваат меѓу пониските во споредба со земјите од регионот.
Ново на Сител
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-

Струшката депонија горлив проблем
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
-

Кобен јули за истокот, пожари, па невреме
