Македонија
7. July 2023 - 12:26
Поскапата струја нема да ги поскапи сместувачките аранжмани во Охрид
Новото поскапување на електрична енергија нема да ги зголеми цените на туристичките аранжмани долж охридско-струшкото крајбрежје. Нема да има повисоки сметки ни во хотелското ниту во приватното сместување.
Од ХОТАМ посочуваат дека цените се конкурентни на пазарот, хотелите со 4 и 5 ѕвезди се движат од 40 до 60 евра ноќевање.
Инаку, на брегот на езерото моментално најбројни се туристите од Холандија, Полска, Турција и оние од нашето опкружување од Србија, Албанија и Црна Гора.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
