-->
-->
Порази на македонските борачи на ЕП во Загреб
-->

Разочарувачки вести за македонското борење доаѓаат од Загреб каде се одржува ЕП. Тројцата наши претставници Магомедов, Вејсели и Нуров не успеаја да влезат во потесниот круг за освојување на медал.
Ахмад Могамедов кој ја претставува Македонија во категоријата до 79 кг успешно стартуваше со убедлив триумф од 8-0 против Станислав Новак од Молдавија но во четврфиналето беше поразен на поени со 5-3 од Коугимцидис од Грција.
Несреќен пораз во квалификациите доживеа Фати Вејсели во категоријата до 70кг. Иако македонскиот репрезентативец водеше со високи 9-2 против Патрик Оленцин од Полска но во финишот ја загуби концентрацијата и дозволи противникот да слави со 11-9.
Последен во категоријата до 97 кг се претстави Могамедгаџи Нуров но ги заврши натпреварите во осминафиналето каде на поени со 5-2 беше совладан од Полјакот Барновски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
