Пораст на бројот на посетители и на приходите од туризмот во Грција во првите четири месеци од годинава

За 36,9 проценти се зголемиле приходите од туризмот во Грција во периодот од јануари до април годинава, а пораст има и на бројот на посетители, кои биле за 27,1 отсто повеќе споредбено со истиот период лани, покажуваат податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Приходите од туризмот за Грција за првите четири месеци од годинава достигнале 2,79 милијарди евра, пораст од речиси 37 проценти, што се должи како на зголемените приходи и од жители на земјите од ЕУ (за 38,7 проценти) што изнесуваат 1,37 милијарди евра, така и на зголемувањето на приходите од жители на останатите земји (за 37,5 проценти) што се 1,34 милијарди евра.
Во периодот јануари – април 2026 година, Грција ја посетиле 5,24 милиони туристи, наспроти 4,12 милиони во истиот период лани, а значајно зголемување, за 67,8 отсто има на пристигнувањата преку копнените гранични премини, додека пак преку аеродромите порастот е за 12,8 проценти.
Од земјите-членки на ЕУ, Грција ја посетиле 2,77 милиони туристи (зголемување од 36,1 отсто во споредба со истиот период лани), додека од останатите земји има зголемување за 18,3 проценти, достигнувајќи до 2,46 милиони посетители.
Минатата година беше рекордна за грчкиот туризам со речиси 38 милиони туристи, за 5,6 отсто повеќе од 2024 година, а приходите за Грција од туризмот беа зголемени за 9,4 проценти и достигнаа 23,6 милијарди евра.
МИА
Ново на Сител
-

Свеченост во Воената академија: Промовирани нови офицери на Армијата
-

Промовирана новата генерација полициски службеници
-

Охрид подготвен за бројните туристи, службите на терен
-

2 милиони долари за нов имплулс на ХС „Злетовица“
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
