Македонија
23. јуни 2026 - 16:28

Поради недостиг на кадар времено затворен одделот за имунологија на Детска клиника

Времено затворен одделот за имунологија на Клиниката за детски болести.  Пациенти со нејасни фебрилности кои бараат посебни услови на третман и строга изолација, од петокот ги згрижуваат на одделот за Пулмологија во една соба. Директорот на Детска вели дека донел ваква одлука поради недостигот на медицински сестри и административен кадар. Според информации на Сител за тоа не добил согласност од поголем број раководители.

-Бидејќи не можевме со главната сестра никако да организираме сменска работа, организација на распоред за дежурства, бевме приморани привремено да направиме фузија на двата оддела, за да можеме да имаме на располагање сестри кои ќе покриваат дежурства. Се работи за Имунологија и Пулмологија А. Одделот не е укинат, тоа е привремено решение за да го пребродиме овој период кога немаме доволен број на кадар, изјави Реџеп Мемеди, директор на Клиника за детски болести.

Директорот со уверување дека и покрај големиот обем на работа во време кога имаат недостиг на кадар, не враќаат ниту еден пациент. Нема одговор до кога ќе биде времената мерка, но велат бараат вработувања.

-Околу половина од медицинските сестри не може да покриваат дежурства и сменска работа, вели Мемеди.

Пред десетина дена 50 лица кои до крајот на 2025 работеле со договор на дело на Детска, останаа без плата и без продолжување на работниот ангажман. Директорот вели дека се неопходни за установата, од финансии велат не може согласности замо за една здравствена установа.