Поради говорот на омраза на Додик, СНСД ќе плати казна од 15.000 евра

Партијата Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик ќе плати казна од 15.000 евра поради поттикнување омраза и навреди за Бошњаците на предизборен митинг.
Поранешниот претседател на Република Српска, Додик, на предизборен митинг за предвремените претседателски избори во РС, ги спореди Бошњаците со „амеби“ и ги нарече „лажливи Турци“.
– Никој не лаже полошо и повеќе од Турчин, рече Додик на 10 ноември и ги повика локалните власти да не им дозволуваат на Бошњаците да купуваат станови на територијата на РС.
Членовите на Централната изборна комисија на БиХ (СИП) со мнозинство гласови заклучија дека говорот на Додик несомнено претставува говор на омраза, за што од 2022 година предвидена е казна до 30.000 конвертибилни марки (15.000 евра).
СНСД на предвремените претседателски избори го номинираше Синиша Каран, кој речиси на сите митинзи е придружуван од Додик. Каран на почетокот на кампањата на своите поддржувачи им порача на 23 ноември, кога ќе излезат на гласање, всушност треба да покажат дека сè уште го поддржуваат Додик.
Додик беше отстранет од функцијата претседател на РС откако претходно оваа година беше осуден на една година затвор за неспроведување на одлуките на Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ
МИА
Ново на Сител
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
-

Забраната за двојните државјанства заглави во комисиите
-

Муцунски уверува дека Македонија е се поблиску до ЕУ, од Брисел пораки дека земјава нема никаков напредок
-

Јане Ченто поднесе пријава против Русковска за 27 април
-

Избегната трагедија во Охрид – Параглајдер слета меѓу луѓе
-

Семејното насилство во пораст, зошто мерките не даваат ефект?
-

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
