Македонија
15. December 2021 - 16:42

Политички реакции по ветото: Опозицијата бара избори, власта не губи надеж

Македонија направи се да ги исполни условите и да ги почне преговорите со Европската Унија, па затоа е оправдано да очекуваме Бугарија согласно европските вредности наскоро да ја тргне блокадата. Ова е ставот на владејачката СДСМ откако Брисел вчера не даде зелено светло за преговори.

Сметаат дека недобивањето на датум во декмеври или јануари нема да го дестабилизира владејачкото мнозинство, не зависно што него по локалните избори го дооформи Алтернатива токму со условот за брза евроинтеграција.

„Стабилно парламентарното мнозинство е создадено врз основа на принципи и за европскиот пат на државата, стабилност и напредок.  Парламентарното мнозинство е постигнато со партии кои ги поддржуваат овие стратешки цели и кои се подготвени да понесат одговорност во ова време кога сме соочени со предизвици, како енергетската криза, пандемијата и севкупната живеачка на народот….Нема потреба за предвремени избори, сега е време за одговорност“, рече Богданка Кузевска, портпарот на СДСМ.

И од Алтернатива велат дека засега остануваат во Владата што ја договорија Заев и Гаши.

Опозицијата едногласно вели дека власта е целосно делигитимирана.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат предврмемени избори и очекуваат дека ако нема датум од ЕУ Алтернатива ќе излезе од Владата.

„За датумот ќе се произнесеме следниве денови, да помине министерскиот совет. Во однос на учеството на Алтернатива во оваа влада доколку не добиеме датум очекуваме Алтернатива да излезе од владата, бидејќи главната причина која што ја наведоа повеќе не постои за нивно учество во оваа власт“.

За избори се од Левица.

Државата е во криза и само друга власт може да помогнер, сметаат од Алијанса на Албанците и БЕСА.

Опозициските партии комнтираат дека вчера власта наместо датум добила забелешки за независноста на судството, борбата со корупцијата и човековите права.