Полицијата проверува дали има експлозивни направи во трговските центри Ист гејт и Дајмонд

Министерството за внатрешни работи денеска добило дојави за бомби во трговите центри Ист Гејт и Дајмонд во Скопје. Вработени во Ист гејт за МИА изјавија дека околу 10:30 часот добиле известување дека треба да ги напуштат работните места, а трговскиот центар и по два часа не беше отворен за купувачите.
-Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи, информираа од МВР.
Полициски службеници, додаваат оттаму, преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри.
Ова е прв пат дојави за бомби да има за двата најголеми скопски трговски центри во недела, кога очекувано најголем дел од граѓаните пазарат таму бидејќи во другите продавници е неработен ден.
МИА
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
