Македонија
11. May 2026 - 13:43

Полицијата пронајде и одзеде 10 килограми риба од жител на Криволак

На 10.05.2026 во 10:00 часот во село Криволак, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиja од слобода И.С.(46) од Криволак, соопшти МВР.

На патниот правец село Криволак-село Пепелиште било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од И.С. и при преглед во возилото биле пронајдени и одземени 10 килограми риба, мрежи и гумен чамец поради основи на сомнение за незаконит риболов. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.