Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии

Агенцијата за филм во август годинава ќе распише мконкурс за снимање македонски серии, соопшти денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Како што напомена одговорајќи на новинарски прашања во врска со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 - 2030, поголем фокус ќе биде ставен на играната детска програма.
-Агенцијата за филм во август кончено, ќе распише конкурс за снимање македонски серии, заедно со националните телевизии, но поглемиот фокус ќе биде на играната детска програма. Мораме постојано да ги поддржуваме децата да читаат и гледаат македонски филмови и македонски серии, да читаат македонска литература, да ги субвенцинираме со ваучари да купуваат книги. Ова ќе биде една од најважните мерки покрај дигитализацијата, современото творештво и поддршката на граѓанскиот сектор како генератор на свежи, нови идеи и критичка мисла, истакна Љутков.
Претходно, во обраќањето на јавната расправа министерот информира дека со Стратегијата се предвидуваат сет мерки за младите: создавање виртуелен простор за изразување на младите, летни школи за талентирани деца под менторство на етаблирани уметници, обезбедување вредносни ваучери за следење културни настани и купување книги, реализација на капитален проект за издавање книги за деца и млади, како и продуцирање домашна играна или анимирана серија.
-Во фокусот на Стратегијата за развој на културата овојпат се младите, едукацијата на младата популација и нивната интегрираност во создавањето и практикувањето на културните вредности. Со сетот мерки што се предлагаат, уверени сме дека ќе влијаеме врз градењето здрава младина која ќе биде носител на позитивните општествени промени. Преку преостанатите планирани активности и мерки содржани во Акцискиот план на Стратегијата, ќе настојуваме да го збогатиме домашното творештво преку откупи на дела, а ќе ја возобновиме и уметничката критика, која е клучен коректив на културните процеси во државата. Ќе го доближиме филмот до домашната публика преку осовременување на киноприкажувачката инфраструктура, подвлече Љутков.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека прекинот на огнот е на „апарати за дишење“, го нападна „глупавиот предлог“ на Иран
-

Товарно возило усмрти 89-годишен росоманец, затворен патот Градско – Прилеп
-

Муцунски за „средбата“ со Чамова: Користењето на терминот „северномакедонски“ за означување на македонскиот народ е неточно и несоодветно. Македонците се Македонци
-

Лазаров: Словачка е репрезентација која има изграден систем
-

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче: Палевски тврди дека има пропусти, обвинителството ја брани пресудата
-

Ниту еден од 13-те обвинети полицајци за пожарот во „Пулс“ не призна вина
-

Агенцијата за филм во август ќе распише конкурс за снимање македонски серии
-

СЗО: Ризикот од хантавирус во Европа е низок
