Покачувањето на струјата ќе предизвика раст на цените во туристичко – угостителскиот сектор
Покачувањето на струјата ќе предизвика дополнителен раст на цените во туристичко – угостителскиот сектор. Ќе има зголемување на цените на аранжманите со оглед на тоа што се очекува раст на трошоците во секторот но не и нивно откажување, вели директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот Јаневски додавајќи дека тоа само по себе налага прилагодување кон туристите проширување на понудата и зголемување на услугата.
Новиот сој Омикрон и дополнителните рестрикции и мерки нема многу да влијаат врз сезоната барем во овој дел од годината.
Најавите на Визер пак дека од повеќе дестинации претежно од Балканот ќе ги намали или редуцира своите летови ќе се одрази врз туристичкиот сектор но ќе влијае и на слободното патување на туристите кои сакаат да патуваат овој период од годината.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
