Бизнис
19. December 2022 - 19:37

Почна расправата пред гласањето за Буџетот

Почна собраниската расправа за завршнотот гласање на буџетот за 2023 година. Пратениците 5 дена ќе расправаат за највискиот финансиски акт во државата, годинава проектиран на рекордно ниво од 5,3 милјарди евра.

Власта тврди дека поголемиот буџет обезбедува пари за развој со капитални инвестиции, санирање на енергетската криза, антинфлатрорни мерки, субвенции.

Опозицијата критикува. Вели буџетот е за склучување на договори во четири очи, стимулира инфлација, а ги зголемува и непродуктивните трошоци. Со зголемувањето на ставката на платите и надоместоците не растат платите во администрацијата, забележуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот за финасии Бесими пак, вели непродуктивните трошења се намалени.

Народните избраници го разгредуваат коригираниот дополнет буџет, откако 10 дена расправаа во собраниската комисија. Од над 260 амандмани, од кои 200 на ВМРО-ДПМНЕ, беа прифатени само неколку.