Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен

Минхенскиот Октоберфест започна денеска откако градоначалникот го отвори првото буре пиво, со што официјално беше означен почетокот на 191-то издание на еден од најголемите светски пивски фестивали.
Градоначалникот на Минхен, Доминик Краузе го отвори првото буре со традиционалниот извик: „Отворено е!“
Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите.
Покрај пивото, меѓу бараните специјалитети се и переците, печеното свинско месо и колбасите.
Се очекува околу шест милиони луѓе да го посетат Октоберфест за време на неговото 16-дневно траење, кое завршува на 4 октомври.
Иако поголемиот дел од посетителите доаѓаат од Минхен и од јужна Германија, милиони пристигнуваат и од други делови на Германија, како и од целиот свет.
Германските власти ги заострија безбедносните мерки откако минатата година фестивалот мораше привремено да се затвори поради преголема гужва.
За годинашниот фестивал се поставени камери опремени со вештачка интелигенција за рано откривање на големи толпи луѓе, јави агенцијата ДПА.
Исто така, забрането е носење ножеви и користење дронови.
Покрај баварската полиција за разбивање демонстрации, истражителите за кражби и меѓународните тимови од осум земји, за обезбедување на фестивалот се ангажирани околу 600 полицајци.
МИА
Ново на Сител
-

Бајрами со лисици во Кривичен – не чувствува вина за случајот „Лотарија“
-

Нов случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
-

Решение за превозниците е склучување билатерални договори
-

Трет состанок на министрите за животна средина од Западен Балкан за Зелената агенда
-

Стомачни вируси се уште ги “мачат” децата поради високите темперaтури
