Свет
14. јуни 2026 - 11:57

По повод 80-тиот роденден на Трамп: УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа

Голем УФЦ  спектакл е планиран за денеска на тревникот пред Белата куќа по повод 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп и 250-годишнината од Декларацијата за независност.

Трамп ќе биде опкружен со членови на кабинетот, високи претставници на администрацијата, републикански пратеници и илјадници гледачи кои ќе ги гледаат борбите во специјално дизајниран осумаголен прстен со заштитна челична ограда, специјално осветлување и звучна опрема.

Илјадници луѓе ќе го гледаат спектаклот на боречки вештини на екрани поставени во парк недалеку од Белата куќа.

Американските медиуми предупредуваат на прогнозата и временските услови кои би можеле значително да ги расипат плановите за прославата.

МИА