„Плеј ин“ останува во календарот на НБА, воведено и ново правило

Така наречениот „плеј ин“ турнир по завршувањето на регуларниот дел од сезоната во НБА, кој во разни формати се применуваше во последните три сезони, станува постојан дел од календарот во најсилната кошаркарска лига во светот, одлучија сопствениците на клубовите на годишниот состанок во Лас Вегас.
Тоа значи дека и во иднина пласман во разигрувањето за титулата обезбедуваат шесте најуспешни екипи од секоја конференција по лигашкиот дел од сезоната, додека екипите пласирани од седмото до десеттото место ќе играат „плеј ин“ турнир за седмиот и осмиот патник.
Воведено е и ново правило во играта кое предвидува построго санкционирање на прекршоци кои спречуваат противнапад на противничкиот тим.
Досега таквите тактички прекршоци се казнуваа само со уфрлување на топката од страна за противничкиот тим, а со новото правило екипата која е спречена во контранапад добива автоматски едно слободно фрлање и го задржува поседот на топката.
Ново на Сител
-

Зеленски: Русија нема намера да ја заврши оваа војна
-

Британски медиуми: Засилени притисоци за оставка на премиерот Кир Стармер
-

Мисајловски на саемот IDEB во Братислава, ќе се сретне со министрите за одбрана на Словачка и Чешка
-

Премиерот Мицкоски учесник на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“
-

Седници на две собраниски комисии
-

Трамп ги нарече Венс и Рубио „тимот од соништата“ за Белата куќа
-

Поранешниот шеф на кабинет на Зеленски осомничен за перење пари
-

Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд, грмежи и засилен ветер
