-->
-->
Платил 28.700 евра на лажен службеник за враќање на запленето злато, останал и без пари и без злато
-->
Во СВР Скопје вчера во 21:30 часот, маж од скопско пријавил дека бил измамен за сума од околу 28.700 евра.
Според пријавата, измамата се случила во периодот од 12 ноември 2024 до 12 јануари 2025 година, кога пријавителот во занаетчиски дуќан во Скопје запознал машко лице кое му се претставило како службеник во државна институција.
Лицето му кажало дека преку свои пријатели може да му помогне да го врати претходно запленетиот златен накит, но за тоа било потребно да плати одредена сума пари. Верувајќи му, пријавителот му ги предал средствата, но подоцна сфатил дека бил измамен.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонските транспортери на протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Утре стартува новата учебна година со над 400 паралелки помалку и 3000 помалку првачиња
-

Сточарите со ултиматум: Итно решение за овчата сипаница
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
