Пјастри победи на трката за ГН на Унгарија и ја забележа првата победа во Формула 1
Оскар Пјастри ја забележа првата победа во Формула 1 откако Австралиецот триумфираше на трката за ГН на Унгарија.
Дваесет и три годишниот возач на Мекларен стартуваше втор, но веќе на стартот се справи со својот тимски колега Ландо Норис и излезе на чело на колоната. На крајот од трката, со Норис во водство, од боксот дојде наредбата да го намали гасот и да го пушти Пјастри прв да излезе, што и го направи, за Оскар да го постигне својот историски успех.
Неговиот тимски колега Ландо Норис заврши на второто место.
Место на подиумот најде и 39-годишниот Луис Хамилтон со Мерцедес, кој влезе во жестока битка со актуелниот светски шампион Макс Верстапен. Двајцата за влакно пропуштија брутален судир на седум круга до крајот, но за среќа можеа да продолжат и успешно да завршат, чекајќи ја одлуката на стјуардите за евентуална казна.
Шарл Леклер заврши на четвртото место, а светскиот шампион Верстапен беше петти. Топ 6 го комплетираше вториот возач на Ферари - Шпанецот Карлос Саинц Јуниор.
Во поредокот кај возачите води Верстапен со 265 бодови. На второто место со 189 поени е Норис, а трет е Шарл Леклер со 164 поени. Следува Саинц со 154 бодови, а петти е Пиастри со 149 бодови.
Водечката шесторка ја затвора Хамилтон со 125 бодови.
Ново на Сител
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
-

СДСМ бара одговорност за водата во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ обвинува - Филипче со години молчеше за небезбедна вода
-

Нови обвинувања за францускиот предлог
-

Готов е извештајот за 19-годишната родилка која остана неподвижна по царски рез
