Македонија
24. July 2026 - 14:02

Пијан велешанец ја нападнал мајка си и ѝ го скршил мобилниот телефон

На 23.07.2026 во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Р.(38) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 62-годишна мајка дека физички ја нападнал во семејниот дом и ѝ го скршил мобилниот телефон, а откако успеала да побегне од домот фрлал тврди предмети по неа.

По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека Т.Р. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,54 промили алкохол во крвта.  Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.