Пет лица загинаа откако карго-авион на „Амазон“ се урна на аеродром во САД | ВИДЕО

Пет лица загинаа откако карго-авион на „Амазон“ вчера се урна на аеродромот во Мајами, соопштија американските власти.
Уште пет лица се повредени и хоспитализирани, соопштија властите на округот Мајами-Дејд на прес-конференција.
Авионот излетал од пистата по слетувањето на Меѓународниот аеродром во Мајами по летот од Порторико, соопшти Американската федерална управа за авијација (ФАА).
Портпаролката на „Амазон“, Кели Нантел, изјави дека компанијата е со скршено срце поради смртните случаи.
„Нашето најдлабоко сочувство оди до семејствата, саканите и сите погодени од оваа разорна загуба“, напиша таа на социјалните мрежи.
-Авионот, со кој управуваше компанијата „21 Ер“ (21 Air), се обидуваше да слета кога се случи инцидентот. Тесно соработуваме со локалните власти и официјалните претставници за да дознаеме повеќе и целосно ќе соработуваме во секоја истрага – изјави таа.
Противпожарната и спасувачка служба на Мајами-Дејд соопшти дека повеќе од 60 единици интервенирале по инцидентот, кој се случил околу 14:00 часот по локално време.
Авионот исто така удрил во неколку возила, се додава во соопштението.
Националниот одбор за безбедност во сообраќајот соопшти дека ќе испрати тим во Мајами за да го истражи инцидентот.
МИА
Ново на Сител
-

Климатските промени сериозна закана за производството на храна и аграрот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
