Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК

До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активни пожари има во Куманово, во населбата Перо Чичо, каде гори депонија и ниска вегетација, како и во населбите Бедеиње и селото Режановце, каде е зафатена ниска вегетација и садници. Активен е и пожарот на депонијата во Пехчево, како и пожарот помеѓу селата Тркање и Бање во Чешиново-Облешево, каде гори ниска вегетација, како и пожар во близина на Злетовска Брана во Општина Пробиштип.
Под контрола е ставен пожарот кај селото Дворци во Пласница, каде гореше депонија.
Во текот на денот се изгаснати пожари во Валандово, Инџиково, Старо Нагоричане, Врапчиште, Свети Николе и Дебар.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
