Македонија
1. March 2024 - 16:34

Пендаровски: Се кандидирам за да победам на изборите

Не се кандидирам за да учествувам, туку за да победам. Вака претседателот Пендаровски ја објави својата нова конадидатура за шеф на државата, трета по ред од 2014. На прес-конфренеција во скопски хотел,  без облежја од институцијата Претседател побара од граѓаните уште од недела 3 март да ги дадат потписите за него.

Иако вели дека е граѓански кандидат Пендаровски ја прифаќа номинацијата од СДСМ и ќе присуствува на нивниот конгрес. Иако крајот на мандатот го завршува во лоши односи со владејачката ДУИ, вели дека ги очекува и албанските гласови,особено во вториот круг.

За барањето на албанските партии шефот на државата да биде избиран во Собранието е лоша идеја.

Пендарвоски наведе неколку аргументи за кандидатурата: тоа што немал стратешки грешки, корупцисики скандали или случаи на напотизам поврзани со неговото име, придонел во стабилни меѓуетнички односи и никого не дискриминирал по етничка линија и тоа што во изминативе 5 години бил независен, без да ми влијае некој политички или економски центар на моќ.

За противкандидатите што највуваат ревизија на договорот со Бугарија или преговарачката рамка рече дека прават политичка фатаморгана.

Најсериозниот противкандидат на Пендаровски, Силјановска-Давкова исто така ќе почне да ги собира потписите за кандидатура од недела, по партиската Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ на која треба да биде потврдена нејзината новиманција.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на највената кандидатура на Пендаровски потсетуваат на неговата изјава дека тој живее во Макеоднија само затоа што е Претседател.

Досега тројца кандидати пак, веќе обезбедија 10 илјади потписи: Османи од ДУИ, Таравари од „Вреди“ и Димитревски од ЗНАМ. До крајот на денот потписи за кандидатура на шеф на државата извесно е дека ќе соберат и Ванковска од Левица и Стевчо Јакимовски од ГРОМ.