Македонија
11. May 2022 - 12:24

Патот до Ќафасан и оваа година со дупки

Магистралниот пат Струга –Ќафасан и оваа сезона ќе  остане руиниран.Огромни дупки ,пукнатини на асвалтот и нерамнини вака изгледа патот до граничниот премин кој води кон соседна Албанија а се користи како за транспорт на стока така и за патувања на туристи.Возачите се жалат дека иако има огромна фреквенција патот е небезбеден и претствува црна точка во сообраќајот ,површно се врши крпење на патот и на дупките кои се отвараат при секој пообилен дожд.

Од ЈП „Државни патишта“ велат дека за оваа

делница, како и за рехабилитација на 5 патни правци, објавен е тендер за набавка на градежни работи, поделен на пет лота.

(Во тек е евалуација на пристигнатите понуди, во согласност со процедурите и правилата за набавки на Европската Банка за Обнова и Развој. По одобрувањето на евалуацијата од страна на ЕБОР ќе следи процес на потпишување на Договор со најповолниот понудувач“) информираат од ЈП Државни патишта.

Магистралниот пат изграден во времето на поранешна Југославија стои уништен со децении, иако години наназад се ветуваше негова целосна реконструкција.