Париските власти забранија можна парада на навивачите на ПСЖ доколку ја освојат Лигата на шампионите

Француските власти ќе им забранат на навивачите на ПСЖ да одржат парада доколку тимот го освои трофејот во Лигата на шампионите, објави градското собрание на Осмиот арондисман на Париз.
Маршот на „Шанзелизе“ нема да се одржи за да се избегнат потенцијални немири во француската престолнина.
- Полициската управа презеде мерки за да ја осигури безбедноста на луѓето и имотот таа вечер. Во случај на победа, за разлика од минатата година, не е планиран марш на авенијата, се вели во соопштението на градското собрание.
Финалето на Лигата на шампионите ќе се одржи на 30 мај во Будимпешта. ПСЖ ќе се соочи со Арсенал. Ова е второ финале на парискиот клуб во Лигата на шампионите по ред.
На 31 мај 2025 година, ПСЖ го освои трофејот на „Алијанц Арена“ во Минхен, победувајќи го Интер со 5:0.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
