Македонија
2. August 2023 - 19:38
Параглајдерист од Холандија спасен на Галичица
Спасен параглајдеристот на Галичица. Холандскито турист благодарение на спасувачите од планинарската служба од Црвениот Крст Охрид е извлечен од планината. Но поради сериозните повреди на р’бетот, тој е имобилизиран со вакуум душек и шанцова кравата и со хеликоптер на МВР е пренесен на скопските клиники. Станува збор за тешко пристапен терен во месноста „Лако Сигној“ на планината.
Спасителот Додески за Сител истакна дека Холанѓанецот изгубил контрола над крилото и паднал од поголема висина.
Станува збор за холандски државјанин кој бил дел од група параглајдеристи самостојни летачи.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
