Паднаа цените на нафтата

Откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран ќе заврши „многу брзо“, цените на нафтата на меѓународниот пазар паднаа за речиси еден процент.
Фјучерсите за сурова нафта од типот брент паднаа за 88 центи, или 0,8 проценти, на 110,4 долари за барел, додека фјучерсите за сурова нафта од типот Западен Тексас интермедијард паднаа за 0,6 проценти, или 67 центи, на 103,48 долари, објави Ал Џезира.
„Референтните цени се намалени поради потенцијален договор, бидејќи пазарот ги проценува геополитичките исходи. Сепак, цените веројатно ќе покажат одреден потенцијал за раст дури и ако договорот се склучи, со оглед на тоа што е малку веројатно понудата веднаш да се врати на нивоата пред војната“, изјави за новинската агенција Ројтерс Емрил Џамил, виш аналитичар за истражување на нафта на Лондонската берза (LSEG).
Ново на Сител
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
-

30% од вкупниот отпад во Македонија завршува на диви депонии
-

Преглед на вестите од светот
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
