Македонија
26. May 2023 - 12:32

Пациентите со механичка поддршка на срце заборавени од надлежните

Пациентите со механичка поддршка на срце заборавени од надлежните ,сеуште чекаат да бидат ослободат од партиципација за лекарски прегледи.И покрај постојаните ветувања од сето тоа сеуште ништо,после долги преговори успеале да добијат резервни батерии кои иако истите требало да бидат бесплатни и нив ги платиле.

Од Храбро срце велат дека дел од пациентите чекаат и трансплантација на срце доколку се најде соодветен донор.

Од здружението бараат итно решавање на нивниот проблем бидејќи како што велат трошоците за лекување се превисоки, па поголемиот дел од нив поради болеста се спречени и редовно да одат и на работа.