Македонија
8. March 2024 - 16:38

Отпаднаа ентузијастите за претседателска трка

Вечева на полноќ завршува собирањето на граѓански потписи за претседателски кандидати. Од 15мината што се пријавија извесно е дека само 7 ќе се најдат на гласачкото ливче. Во трката на 24 април влегуваат: Стево Пендаровски од коалицијата на СДСМ, Гордана Силјановска-Давкова од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од опозицискиот блок „Вреди“, Максим Димитриевски од „Знам“, Билјана Ванковска како кандидат на „Левица“ и претседателот на „Гром“ Стевчо Јакимовски.

Останатите осум кандидати сè уште се во процес на собирање на потписите, но речиси нема никaкви шанси тие вистински да се кандидираат. Ждрепката за редоследот на кандидатите  ќе биде направена на 28 март.

Иако кампањата официјално не е почната партиитете чии кандидати сигурно ќе се најдат на гласачкото ливче за шеф на државата се во меѓусебни препукувања.

Од СДСМ велат дека единствениот избор е нивниот кандат Пендаровски бидејќи во ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска следувала изолација. Од власта два дена како доказ за ова ја приложуваат заедничка фотографија на Силјановска со бугарскиот европратеник Ковачев којима ригидни ставови за Македонија.

 „Единствено што нудат ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштина промена за подобро утре. Само со Пендаровски е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина- членство во ЕУ“, велат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, коемнтираат дека Пендаровски и СДС почнаа да напаѓаат жени и да шират лажни вести со фотграфија стара 5 години.

 „Стево Пендаровски ги сруши Македонските позиции и ја понижи нацијата кога кажа дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин....Ова покажува кој ги урниса македонските позиции, и зошто Македонија е понижена и блокирана. За разлика од Стево Пендаровски и СДС, ВМРО-ДПМНЕ е на линија на македонските национални интереси. Лично Стево Пендаровски и СДС истапија со тезите на најголемите бугарски шовинисти, тези кои никој во Бугарија не верувал дека ќе бидат прифатени од било кој македонски политичар“

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24-ти април.