Откриена мрежа со фиктивни управители на 380 компании во Грција со направен долг од 43 милиони евра

Инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) откриле добро организирана мрежа со карактеристики на криминална организација што користела 205 лица, во главно странски државјани, како фиктивни управители и одговорни лица на 380 компании, со направени долгови од 43 милиони евра, а уапсени се 11 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Од ААДЕ соопштија дека водачи на мрежата се десет грчки и еден странски државјани, кои се уапсени по координирана акција во нивните домови, а бизнисите се однесуваат на продавници, угостителски објекти, познат синџир за брза храна, како и компании за компјутери.
-Инспекторите им влегоа во трага користејќи ги резултатите од истражувањето на специјалниот алгоритам што го применува ААДЕ за контрола на трансакциите и за анализа на вкупното даночно однесување на овие компании. Поконкретно, алармот на алгоритмот се вклучи кога беше утврдено дека 317 од компаниите, кои направиле долгови од 27 милиони евра кон Независната управа за јавни приходи и 16 милиони евра кон ЕФКА (Фонд за социјално осигурување), „исчезнувале“ кога ќе се појавел даночен надзор, а на нивно место се регистрирала нова компанија со различен даночен број (АФМ), соопштија од ААДЕ.
Во домовите на уапсените биле откриени и запленети: 100.000 евра во готовина, 110 картички за подигнување готовина, кои им припаѓале на физичките лица (фиктивни управители и фиктивни лица), голем број документи, 110 печати што припаѓале на различни компании, хард-дискови, компјутери, мобилни телефони.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски за реконструкција на владата и инфрастуктурни и здравствени проекти на југоистокот
-

Протоколот со Бугарија останува дел од извештајот за напредокот на Македонија
-

Средба Муцунски - Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска
-

8 години од Преспанскиот договор
-

Владините ветувања на проверка: Што е реализирано на половина од мандатот?
-

Филипче по средбата со земјоделци: Тотална негрижа на Владата на Мицкоски за земјоделците
-

15.000 полуматуранти се запишале на првиот уписен рок во средните училишта
-

Колапси во автобуси и на улица - десеттина интервенции на Брза помош само во еден ден
