Осум лица тешко повредени во пожар на товарен брод во Хамбург

Осум лица се тешко повредени во пожар што избувна на товарен брод закотвен во пристаништето во Хамбург, соопшти денеска противпожарната служба на овој северногермански град, пренесува агенцијата ДПА.
Седуммина од повредените, меѓу кои и еден пожарникар, се хоспитализирани во болница, додека на осмото лице со повреди помош му била укажана од страна на болничарите на самото место на настанот.
Пожарот избувнал во товарниот дел на бродот, кој е со должина од приближно 90 метри, на докот „Гревенхофкаи“.
Кога пристигнале првите интервентни екипи, од палубата на бродот се издигал чад. Според информациите од противпожарната служба во Хамбург, екипажот уште пред нивното пристигнување веќе започнал сам да се бори со пламените јазици.
По завршувањето на противпожарната операција, пожарникарите го предале местото на инцидентот на полицијата, која веќе води истрага за откривање на причините за пожарот.
Ново на Сител
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
-

Преглед на вестите од светот
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
