Османи на средба со грчката амбасадорка за пасошите
Министерот Османи денеска на средба со грчката амбасадорка Софија Филипиди, меѓудругото, и за важноста на пасошите што маат ограничениот рок на траење до 12 февруари согласно Преспанскиот договор.
„Зборевме и за нашите и за нивните обврски. Се договоривме да имаме поблиска координација следниот период за да не се јават проблеми поврзани со роковите кои произлегуваат од Преспанскиот договор и Уставот“, ни одговори Османи.
Претходно од МНР за состанокот информираа со општи формулации дека „На средбата беа разменети мислења за актуелните политички состојби, а беа разгледани и мерките и активностите кои Владата ги спроведува во насока на имплементација на обврските од Преспанскиот договор“.
Од грчката амбасада пак, без детали упатуваат само на официјалното соопштение од средбата. Од друга страна, премиерот Ковачевски се уште е без конректен одговор што ќе се преземе додека илјадници граѓани со часови чекаат за да се сликаат или пак, да подигнат документ, а термини за закажување добиваат дури за септември и октомври. Според него има добро темпо во издавањето на пасошите.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараат одговорност од министерот Спасовски кој технички и организациски не ги подготвил службите за ситуацијата и акко што велат, во рамките на техничката влада ќе поведат посебна процедура за виновникот за пропустите.
Инцијативата до Уставен суд со која ќе се бара и времена мерка за да се одложи важноста од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поднесат во текот на наредната недела.
„Уставниот суд не коментира најавени иницијативи, ниту пак може да даде став во врска со некое прашање актуелно во јавноста, туку своето мислење за конкретен закон го дава преку одлуките кои ги носи“, искоментираа од Сидот потестувајќи дека секој може да поведе ваква инцијатива.
Прашањето за продолжување на рокот за издавање на новите лични документи пред неколку дена го отвори претседателот Пендаровски кој побара законски зимени за одложување на примената на новото име на личните документи до есен. Премиерот Ковачевски пак, побара шефот на државата да исконтактира со грчката страна за пасошите.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
