ОСМА ГОДИНА ПО РЕД: Ова е најдобрата диета

ДАШ диетата осма година по ред е прогласена за најдобра диета во светот според експертите од американскиот Национален институт за здравство, а на листата веднаш зад неа се наоѓа медитеранската диета.
ДАШ диетата настанала како проект на истражувачи кои го формирале Националниот институт за истражување на болести на срцето, белите дробови и крвта во САД.
Основната идеја била да се смисли диета која ќе го спречи покачувањето на притисокот, но се покажало дека истатата одлично го елиминира лошиот холестерол, а ги топи и маснотиите.

Истата се темели на зеленчук и житарици со цело зрно, како и мал внес на црвено месо, слатки и засладени пијалоци.
Што се однесува до критериумите по кои се избира најдобрата диета, истата треба да биде хранлива, сигурна и ефикасна во губењето на килограмите. Не смее да стимулира шеќерна болест и срцеви болести.
Во образложението за одлуката, научниците утврдиле дека ДАШ диетата е здрав план на исхрана кој поддржува долгорочни промени во животниот стил.
ДАШ и медитеранската диета постојано се истакнуваат како најдобар избор за диети бидејќи се добро балансирани и едноставно за држење затоа што вклучуваат разни намирници.
Ново на Сител
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
