Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка

Денеска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, бевме во струмичко Дабиле, за да добиеме информации директно од терен за штетите предизвикани од невремето проследено со силен дожд и ветер, кое вчера го зафати нашиот регион, се вели во објавата на градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, што МИА ви го пренесува во целост.
Разговаравме со земјоделците, а освен директно погодените земјоделски површини, извршив увид и на патна инфраструктура која истотака беше зафатена од невремето. Благодарение на брзата реакција и интервенција на надлежните служби, предизвиканите штети на патните правци и јавната инфраструктура беа навремено санирани.
Ги повикувам сите граѓани кои претрпеле штети да ги пријават до надлежните служби во Општина Струмица, за да можеме навремено да реагираме, комисиите да излезат на терен и да се изврши проценка на состојбата, со цел обезбедување соодветна поддршка.
МИА
Ново на Сител
-

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат
-

Тошковски: Во гостиварскиот водовод се врши плакнење и хиперхлорирање
-

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море
-

Еден осомничен за обид за тешка кражба во Скопје
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
-

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме
-

АХВ: Угостителските објекти во Гостивар ја почитуваат забраната за користење на водата
-

Син го претепал таткото и му се заканувал дека ќе го убие
