Општина Ѓорче Петров одбележа 105 години од смртта на Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров денеска ја одбележа 105-годишнината од смртта на својот патрон, македонскиот револуционер, просветител и идеолог Ѓорче Петров. Пред неговото спомен-обележје во реонскиот парк, беше положено цвеќе и беше оддадена почит на еден од најзначајните дејци во македонската национална историја.
На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претставници на институции, политички партии, здруженија на граѓани, како и бројни граѓани.
Во своето обраќање, градоначалникот Стојкоски истакна дека и по 105 години од неговото трагично заминување, делото на Ѓорче Петров продолжува да живее во колективната меморија на македонскиот народ и да претставува трајна инспирација за сегашните и идните генерации.
-Ѓорче Петров не е само име на нашата општина. Тој е вредност што сме должни да ја живееме секој ден. Тоа име не обврзува да бидеме достојни наследници на неговата визија, да инвестираме во образованието, младите, спортот и културата и да создаваме подобри услови за живот за сите наши сограѓани - рече Стојкоски.
Тој порача дека вистинската почит кон делото на Ѓорче Петров не се изразува само преку одбележувањето на значајните датуми, туку и преку секојдневната работа, одговорноста кон заедницата и вложувањето во иднината.
Одбележувањето на 105-годишнината од смртта на Ѓорче Петров претставува потсетник дека неговите идеали - слободата, достоинството, знаењето и љубовта кон татковината остануваат вредности што и денес го трасираат патот на македонското општество.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
-

СДСМ ќе предложи 3 мерки за подобрување на состојбата на лозарите
-

Цените на бакарот уриваат рекорди, соседите профитираат, а кај нас капацитетите остануваат под земја
