Опозицијата смета дека буџетот е нереален
Предимензиониран буџет кој не соодветствува со реалната економска состојба во државата. Лидерот на опозицијата оценува дека рекордните расходи се проектирани за власта полесно да краде преку договори и тендери во четири очи.
Доказ за ова според Мицкоски се и нералните проекции за капиталните инвестиции, за кои догодина ќе се издвојат 795 милиони евра, или за 200 милиони евра повеќе од годинава
И сега најавува не 32 милијарди денари, не 38 милијарди денари, туку 49 милијарди денари. Но, тоа е повторно уште една лага, истата манипулација како и минатата година. Треба да кажат јасно и гласно на граѓаните дека буџетот е наменет исклучиво за крадење бидејќи тоа е последната година, последните месеци од тоа да бидат тие власт во Македонија. Но, не треба да заборават дека следната Влада ќе повика на одговорност“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Државата нема план за надминување на кризата и тоа сериозно треба да не загрижи, коментираат и економистите. Поранешниот министер за финансии Хајредини смета дека овие проекции ќе паднат во вода првите месеци од следната година, кога со ребалансот на површина ќе излезат нереалните очекувања и проекции со овој буџет.
Со овој буџет Владата и натаму со несмален интензитет безмилосно ќе ги троши парите на граѓаните. Не е точна ниту констатацијата дека нашата Влада даде најенергичен одговор во регионот на енергетската и ценоивната криза. За Македонија нејнеопходно е со буџетот со конкретни мерки да се поддржи намалувањето на јавната администрација , како и борбата против корупцијата на високо ново, пишува Хајредини.
Државата вчера го скрои буџетот кој следната година ќе тежи рекордни 5,3 милијардри евра. Со нови задолжувања од 1,5 милијарди евра ќе се покрива буџетската дупка и ќе се враќаат стари долгови. Македонската економија следната година ќе расте забавено, со проектиран раст од 2,9% и инфлација од 7,1 отсто.
По Нова Година граѓаните за ДДВ за електрична енегрија ќе плаќаат 10%, наместо 5 колку што изнесуваше повластената стапка изминатите година и половина.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
