„Опен-АИ“ го прекинува ексклузивниот договор со „Мајкрософт“ заради соработката со „Амазон“ и „Гугл“

Американската технолошка компанија „Опен-АИ (OpenAI)“ објави дека го прекинува ексклузивниот пристап што технолошкиот гигант „Мајкрософт (Microsoft)“ го имаше до нејзините ВИ-модели.
Ова отвора можност за проширување на својот бизнис на платформите на други конкуренти, вклучувајќи ги „Амазон (Amazon)“ и „Гугл (Google)“. По објавата, акциите на „Мајкрософт“ паднаа за околу еден отсто, бидејќи инвеститорите ја оценија одлуката како можно губење на конкурентската предност во областа на вештачката интелигенција. „Мајкрософт“, која изгради респектабилна позиција во ВИ-секторот благодарение на раните инвестиции во „Опен-АИ“, ќе остане главен партнер на компанијата во областа на облак-услугите и пресметувањето и ќе задржи лиценца за својата интелектуална сопственост до 2032 година.
Според новиот договор, производите на „Опен-АИ“ прво ќе бидат поставени на платформата „Азур“ на „Мајкрософт“, освен во случаи кога компанијата не е во можност или не сака да имплементира одредени функции. Истовремено, „Опен-АИ“ ќе може да ги продава своите технологии преку облак-инфраструктурата на други компании, што укажува на промена во сегашниот модел на соработка и можно натамошно интензивирање на конкуренцијата меѓу водечките технолошки компании.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
