Серија средби на Мицкоски во Њујорк
Европска интеграција, безбедностa и регионална соработка биле во фокусот на серијата средби кои Премиерот Мицкоски вчера доцна вечерта по македонско време ги имал на маргините на Генералното Собрание на Обединетите нации во Њујрок.
Како што информираше Владината прес служба Премиерот имал состанок со лидерите од регионот со кои потоа имале и заедничка средба со високата европска претставничка за надворешна политика Каја Калас. На средбата како што информираше и Мицкоски на социјалните мрежи фокусот бил ставен на стабилноста на регионот.
Мицкоски имал и билатерални средби со Премиерите на Хрватска и Косово, а учествувал и на панел дискусија организирана од финскиот претседател александар Стуб, со кого имал и одвоена средба.
Во рамки на посетата на САД, Мицкоски веќе оствари и официјална средба со заменикот државен секретар на САД, Кристофер Ландау а имаше и разговор со дражвниот секретар Марко Рубио.
За СДСМ, средбите на Мицкоски се неформални разговори. Од партијата обвинуваат дека приватна фирма плаќала за лобирање за Македонија во САД
Владата носи инвестиции и продлабочување на соработката со Вашингтон, врати ВМРО-ДПМНЕ
Премиерот Мицкоски како шеф на македонската делегација во Њујрок учествува на Генреалното Собрание на ОН а во текот на утрешниот ден во попладневните часови се очекува и обраќањето на генералната расправа.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
