Македонија
29. January 2022 - 16:38

Омикрон ја наполни и болницата во Охрид

Зголемениот број на заболени со Ковид ги полнат болничките кревети во охридската општа болница.Моментално хоспитализирани се 43 лица а дневно се вршат околу 170 амбулантни прегледи .Пациентите се претежно повозрасни со различни коморбидитети, а 70 проценти од нив не се вакцинирани. Охридската болница е исполнета до последното место а има доста и медицински персонал кој е позитивен.

Директорот на охридската болница Балевски во однос пак на неодамнешниот напад на докторка на инфективното одделение од страна на нервозен пациент побара државата да превземе мерки и законски да го заштити медицинскиот персонал бидејќи многу често особено во летниот период кога има наплив на туристи и прегледи се  случувале вакви инциденти.

Иако болницата е преоптоварена  засега модуларната болница нема да биде активирана за хоспитализација на пациенти.