Македонија
28. September 2026 - 12:22

Околу 6% живеат во повеќедимензионална сиромаштија

Околу 34.900 домаќинства во Македонија освен со недостиг на пари, се соочува и со проблеми со храна, греење, здравство, образование и вработување, покажуваат првичните резултати од истражувањето на Филозофскиот факултет при УКИМ. Тоа значи дека околу 6 отсто од населението во земјава живее во повеќедимензионална сиромаштија.

Истражувањето ги опфатило сите 80 општини, а во разговори со околу 150 корисници на социјална помош граѓаните раскажувале дека често мораат да избираат дали парите ќе ги дадат за храна, лекови или греење.

Професорката Маја Геровска Митев вели дека најмногу бараат можност да работат и сами да заработуваат, а како дополнителна мерка го посочува и бесплатниот училишен оброк за децата.