Македонија
22. July 2023 - 19:42

Охриѓани против висококатници

Да се стопира градењето на висококатници во Охрид бараат граѓанските организации.Tие велат дека комплекси на згради се градат за задоволување на потребите на одредени жители за купување на станови и остварување на профит.Не смее во Балканскиот Ерусалим  кој е под заштита на Унеско да се дозволи бизнис профитот да го диктира развојот на градот.

Активистите бараат вклучување на граѓаните во урбанистичките процеси .

За подобар мониторинг врз процесите за зачувување на светското наследство, но и контрола врз урбанистичките процеси од страна на граѓанскиот сектор е отворањето на канцеларија на УНЕСКО во градот Охрид.