Бизнис
19. December 2021 - 18:30

Охридско-струшките угостители немаат готвачи, одат во Хрватска за поголеми плати

Угостителските објекти и хотелите долж охридско - струшката ривиера се соочуваат со недостаток од кувари. Речиси 80 посто од нив заминуваат на работа надвор од државата и тоа најчесто во Хрватска каде се многу подобро платени и ценети. Тие не сакаат да работат во земјава поради ниските плати но и немањето услови за работа во кујните.

Дополнителен проблем е и тоа што се помал е бројот на оние кои се одлучуваат да се запишат на насоката за гастрономија па професионалните кувари од Охрид преку курсеви ги мотивираат младите.

Според експертите за да се  подобри ваквата ситуација и да се задржи овој дефицитарен кадар во земјава потребно е покачување на платите, но и создавање на профил на кадри кои ќе ги поседуваат сите неопходни способности во спротивно недостатокот ќе биде видлив уште повеќе во иднина.