Македонија
3. March 2024 - 17:03

Охридско кубури со педијатри, нема најава за нови вработувања

Сеуште останува алармантен недостигот од педијатри во Охридско струшкиот регион .И додека грипот и кашлицата се  во ек а училиштата и градинките полупразни двата крајезерски града се соочуваат со недостиг од медицински кадар.Моментално во Охрид работата само тројца педијатри од кои едниот за една година заминува во пензија а повеќе од две години  се врши само преглед но не и хоспитализации откако се затвори детското одделение па бидејќи нема ноќна смена  родителите ги носат своите деца на лекување во Струга.

На детското одделение во струшката болница зголемена е фреквенцијата на пациенти дневно има од 50 до 80 прегледи,  а за време на  викендите  и над стотина . На одделението има  пет  педијатри, но таму се лекуваат децата од целиот регион. 

Докторите велат дека ваквата состојба создава дополнителни проблеми и за родителите и за педијатрите  од Струга ,слабостите во системот се резултат на неиспраќањето млади лекари на специјализација во период повеќе од 15 години.Проблемот е продлабочен откако во охридската болница се затвори детското одделение.За дефицитот од специјалисти здравствените власти најавуваа решенија и со ротација на лекари од други места, но Охридската болница и понатака работи со потешкотии оти недостиг на педијатри има скоро во целиот регион.