Охрид се бори да ја одржи хигиената
Со стартот на летната сезона и зголемениот број на туристи во градот повторно на површина ниската свест за зачувување на животната средина. Секоја години сведоци сме на искршени клупи, детски игралишта и расфрлан отпад, па поради тоа од локалната и јавното комунално претријатие велат дека екипи уште од раните утрински часови се на терен за да не се создаваат мини депонии во градот под закрилата на УНЕСКО.
Иако во минатото, се правеа обиди за спроведување кампањи, за подигање на свеста за јавната чистота се уште има критични точки каде има најмногу смет.
Несовесните граѓани фрлаат отпад каде што ќе стигнат не грижејќи се дека со тоа ја загадуваат околината.
Надлежните сметаат дека потребно е да се работи засилено за да го зачуваме вредното природно наследство.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
