Македонија
30. July 2023 - 16:40
Охрид полн со гости
Охрид пулсира со летна раздвиженост туристи, фолклористи, хористи, концерти - во градот буквално се нудат забави за сечиј вкус.
Градоначалникот Пецаков вели дека службите се грижат за безбедноста и редот, а граѓаните како домаќини во еден туристички центар треба да бидат трпеливи и да покажат разбирање кон бројните посетители кои традиционално овој период ги има во огромен број.
Туристите пак уживаат во убавините презадоволни од она што го нуди градот .
Иако има зголемување на цените, сепак Охрид како дестинација останува најефтина во регионот.
Во шпицот на летната сезона најбројни се гостите од Холандија, Полска, Англија, Турција и Србија, но не изостануваат ни домашните гости.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
